Се подготвува брзо, со основни состојки што речиси секогаш ги имате дома, а лесно можете да го прилагодите на вашиот вкус со додавање на различни зачини или билки. Исто така е одлична како прилог со посни ќофтиња.
Потребни состојки:
800 г компири (3-4 големи парчиња)
1 мал кромид (ситно исечкан)
Сол и бибер по вкус
3–4 лажици масло
2–3 лажици оцет
1 лажичка сенф (по желба)
Дополнителни додатоци:
Свеж магдонос
Миродија
Посен мајонез (за покремаста верзија)
Подготовка
Измијте ги компирите и ставете ги да се варат во ладна вода. Варете 20-30 минути, додека не омекнат, но сепак да останат цврсти.
Додека е сè уште топол компирот, излупете го и исечете го на прстени или коцки.
Во сад измешајте масло, оцет, сол, бибер и сенф. Ако сакате посилна киселост, додадете малку повеќе оцет.
Ставете го кромидот во голем сад, а потоа додадете ги топлите компири врз него. Прелијте го со подготвениот дресинг. Нежно измешајте, за компирите да не се претворат во пире.
Доколку е потребно, зголемете ги зачините.
Оставете ја салатата да отстои во фрижидер најмалку еден час за да се спојат вкусовите убаво.


