Се верува дека мотив на киднаперите била финансиска корист, обидувајќи се да контактираат со семејството за откуп.
Даниел Кајмаковски е познат како победник на првата сезона на „X Factor Adria“ и претставник на Македонија на Евровизија 2015.
Пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа, а сè се случило во Бетон Хала, кога, како што се претпоставува, му се приближиле двајца странски државјани со нож и пиштол.
Имено, како што дознава „Блиц“, инцидентот се случил кога пејачот излегол од барот каде што пеел.
Му се приближиле двајца, веројатно странски државјани, со нож и пиштол. Го турнале во автомобил и го врзале, а се појави и видео од киднапирањето.
Бидејќи контролите се засилени за време на викендите, полицијата им сигнализирала да застанат за време на редовна проверка, но тие не го сториле тоа.
Отприлика во исто време кога полицијата ја започнала потера, пријателот на пејачот го пријавил киднапирањето.
Кај Рума, на кривината удриле во тротоар. Тогаш, киднаперите бегале од полицијата, а Даниел Кајмакоски останал во возилото.
Како што дознаваме, намерата била да се јават кај неговото семејство за да побараат откуп. Потрагата по киднаперите сè уште е во тек, пишува српски Блиц.


