Пејачката Милица Тодоровиќ стана мајка пред неколку дена, а таа и нејзиниот син Богдан ја напуштија болницата пред два дена. Мајката на пејачката, Јасмина, дојде да ги земе таму, за да помогне со сè што и е потребно.
Милица Тодоровиќ моментално одмара во својот дом, а што велат соседите за неа.
-Не сум ја видела Милица откако излезе од породилиштето. Знам дека нејзината мајка доаѓа секој ден, слушнав дека имала операција, ама и помага за се што ѝ треба. И нејзината сестра доаѓа кај неа. Тие ѝ помагаат со сè што ѝ треба за детето – ни рече сосетката што ја сретнавме пред зградата каде што живее Милица, пишува Пулс онлајн.
Друга сосетка, која ја видела Милица и претходно, вели дека пејачката не излегува надвор и дека таа е секогаш пријатна.
-Милица е секогаш насмеана и пријатна. Не излегува откако се породи. Не знам дали таткото на детето доаѓа кај нив, но сум исклучително среќна што има дете. Тоа е најважно нешто сега – ни рече нејзината сосетка.
Милица проговори откако се дозна кој е таткото на нејзиното дете.
-Станав мајка во околности кои не се едноставни. Тие не се ниту црни ниту бели. И јас не бегам од таа вистина и не лажам. Но, она што се зборува за мене денес не се факти, туку приказни, претпоставки и туѓи ставови. Зад тие зборови стои жена која родила и мора да го носи сето тоа на свој грб. За сè што се зборува денес, сакам еден ден да зборувам во јавноста мирно, јасно и со факти – кога ќе бидам подготвена за тоа. Разбирам дека постојат силни емоции. Ја разбирам и болката на другите луѓе. Но, морам да кажам дека и мене ме боли. Боли кога се зборува за тебе неодговорно и кога се кажува нешто што не е вистина. Кога твојот живот се врти околу насловите. Кога се заборава дека си пред сè човек, жена, мајка – посочи таа, меѓу другото, во своето соопштение.


