Апел од РСБСП за одговорно учество во сообраќајот на празникот на виното и љубовта

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) утрово упатија апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта, 14 Февруари – Свети Трифун и Денот на вљубените.

– Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но вистинското прославување е она по што сите безбедно се враќаме дома. Затоа не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот – посочија од РСБСП.

Од РСБСП порачаа доколку се пие алкохол – да не се седнува зад волан. Наместо тоа, да се избере јавен превоз, такси или возач што не пие алкохол.

– Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен – нагласија од РСБСП. 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести