Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -3 степени.
Следуваат -2 во Ѓуриште, -1 во Mаврови Анови, 0 во Пожаране, Крива Паланка, 1 во Лазарополе, Kрушево, Виница, Тополчани, Тетово, Берово, Штип, 3 во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Битола, Кавадарци, 4 во Струмица, Демир Капија, 5 во Охрид и 6 во Претор, Гевгелија.
Најмногу врнежи од дожд во последните 24 часа имало во Гевгелија 23 l/m2.
20 l/m2 имало во Попова Шапка, 17 Крива Паланка, Штип, 13 Скопје-Петровец, Лазарополе, 12 Виница, Берово, 10 Ѓуриште, 9 Mаврови Анови, 8 Kрушево, Пожаране, 7 Тетово, 6 Скопје-Зајчев Рид, 4 Охрид, Велес, 3 Струмица, Битола, 2 Кавадарци, Демир Капија, 1 Прилеп, Тополчани.
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.


