Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка на РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ за 2026 година!

Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година

Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година во вкупен износ од 650.000.000 денари се обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 253/25)

Дел од средствата од делот I од оваа програма во износ од 423.346.596 денари ќе се користат за следните мерки за финансиска поддршка на руралниот развој:

112 Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност 63.500.000 денари

115 Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство 11.000.000 денари

121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства 63.000.000

122 Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите 12.000.000 денари 124 Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството и заштита од природните непогоди 88.000.000 денари

126 Инвестиции за реструктуирање на земјоделски стопанства 24.500.000 денари

131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност 100.000.000 денари

131.1 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност- разни трансфери 2.000.000 денари

131.2 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност- капитални субвенции за претпријатија и невладини организации 98.000.000 денари

213 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики 45.346.596 денари

214 Помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина 14.000.000 денари

412 Воспоставување на локални акциски групи (во натамошниот текст: ЛАГ) 2.000.000 денари

ВКУПНО МЕРКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ 423.346.596 денари

.извор: Agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести