Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми

Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110 839 метри кубни и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107 718 метри кубни и бележи зголемување од 11,9 проценти.

Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото дрво, исто така и кај огревното дрво кое има најголемо учество во вкупното зголемување.

Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво, како и кај просторното. 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести