Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитети за 2026 година

На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

3.2. Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитети

-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет директно или преку еден регистриран откупувач за зеленчук во период од 26 декември 2025 година до 25 декември 2026 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи,

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2026 година и ноември-декември 2026 година;

– Максималните приноси на одделните градинарски култури по хектар за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на оваа уредба.

– Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: праска, вишна, цреша, слива, боровинка, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода, калинка, лешник и бадем и се корисници на подмерката 1.2. од став (2) на оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

– Оствареното производство на праска, вишна, цреша, слива, боровинка, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет директно или преку еден регистриран откупувач за овошје во период од 26 декември 2025 година до 25 декември 2026 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

извор:Agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести