(ВИДЕО) Пратеникот Миле Цеков од ЗНАМ со поддршка на предлог законот за минимална плата: Верувам во држава што го вреднува трудот на работникот!

-Почитувани граѓани Деновиве актуелна е темата за минималната плата ,тема од која со нашата одлука одлучуваме за достоинството на трудот и за тоа каква држава сакаме да бидеме. Затоа чувствувам обврска да го искажам мојот личен став по однос на ова прашање. Целосно сум свесен во каква состојба се наоѓаат граѓаните што примаат минимална плата, затоа верувам сите ке се согласиме дека тие не се ставка во табела туку реалност за луѓе кои секој ден стануваат рано, работат чесно и се борат за подобро утре за себе и за своите семејства.

Минималната плата не е само економска категорија всушност таа претставува оценка за тоа колку го цениме трудот на работникот, па со оглед на тоа некогаш политиката мора да биде повеќе од формула и пресметка, НО и некогаш треба да носиме одлуки што ќе мотивираат, што ќе го вратат чувството на сигурност и достоинство кај работникот. Ќе ги наведам аргументите и причините поради кои сметам дека треба да се отвори поголема дебата но и конструктивно да ги спротивставиме аргументите во однос на тоа дали минималната плата треба да се зголеми согласно законското решение или треба да размислиме кон друго решение.

Аргумент 1 – регионалната споредба.

Според најновите податоци нашата минимална плата денес е најниска во регионот, иако продуктивноста по работен час ( 34 долари ) е можеби една од највисоките. Па пример во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат повисок минималец од Македонија, а помала продуктивност по работен час во однос на нашиот работник. Оттука се поставува прашањето е: зошто да бидеме земја со најевтина работна сила на Балканот? Никој не бара невозможни стандарди, но барем да бидеме во рамките на регионалниот просек,а истовремено да не испраќаме порака дека трудот кај нас вреди помалку отколку во соседството.

Аргумент 2 – Просечната инфлација и реалната инфлација

Официјалната инфлација на годишно ниво е 4.1 процент, меѓутоа за граѓаните со најниски примања, реалната инфлација е повисока Зошто? Затоа што нивната потрошувачка е концентрирана на основните животни намирници – храна, месо, јајца, овошје, зеленчук, греење. А токму во тие категории растот на цените е значително повисок и инфлацијата е многу поголема . Кога на некој можеби цела плата му оди за храна и енергија, тогаш и мал пораст на тие цени значи сериозен удар врз неговиот буџет.

Затоа велам: просекот можеби покажува 4.1 проценти, но за работникот што живее од минимална плата, чувството е многу поголемо. Всушност , ако државата има обврска кон некого, тогаш тоа се токму оние што најмногу ја чувствуваат инфлацијата и во оваа смисла зголемувањето на минималната плата не е луксуз, туку заштита на куповната моќ.

Аргумент 3 Формализација на економијата

Сите знаеме дека во нашата економија постои значителен степен на неформалност, односно сива економија. Голем број работници се пријавени на минимална плата, а остатокот од примањата се исплаќа „на рака“. Имајки го во предвид овој факт најмногу губи државата губи пензискиот фонд губи и здравствениот систем. Но губи и самиот работник – затоа што неговата иднина, неговата пензија, се темели на минималецот, а не на реалната заработка. Тоа не е одржливо ниту за работникот, ниту за државата. Затоа сметам дека треба да се размисли кон рационален пристап – Фазно односно временско субвенционирање на разликата во придонесите од зголемувањето.

Со тоа – ќе го намалиме шокот врз микро, малите и средните компании, – ќе поттикнеме излегување од сивата економија, – и ќе создадеме систем во кој платата што се заработува ќе биде и официјално пријавена. На почетокот реков дека ние одлучуваме каква држава сакаме да бидеме. Јас верувам во држава што го вреднува трудот што штити кога е најтешко и што гради иднина врз достоинство а не врз евтина работна сила. Затоа ќе го поддржам овој предлог закон за зголемување на минималната плата, ви благодарам, објави Миле Цеков на социјалните мрежи.

Фејсбук статус на Миле Цеков.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести