Утре без струја жителите на неколку села во Велешко

 Во текот на утрешниот ден од 9,15 до 13,30 часот  без електрична енергија ќе бидат жителите во  населените места во Општина Велес : Ветерско, Рудник, Лугунци, Крушје, Џидимирци, бензиска пумпа „Детоил“  на автопат Скопје-Велес како и Отовица, информираат од ЕВН.

Инаку денеска  во периодот од 8:55 до 13:30 часот без електрична енергија беа  жителите на улиците „Академик Пенчо Давчев“, сите потрошувачи кои се снабдуваат од Трафостаница „Речани 1“ , а  што воглавно се одесува на жители од истоимената населба Речани и соседните приградски населби на Велес. 

Според Ленче Карпузовска, портпаролка на ЕВН, серијата од неколкучасовни исклучувања од електро – енергетскиот систем во Велес и Велешко деновиве е поради реализација на Инвестициска програма на електродистрибутивната мрежа. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести