Полицијата вчера повторно ја уапсила ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат, откако таа ги попречила екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство да ги одземат нивните крави. Според МВР, девојката трчала по кравите за да ги разбрка и да спречи нивно одземање.
„На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави“, информираа од МВР.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
извор:Slobodenpecat.mk


