ЦЕНТКОМ потврди: Шест американски војници загинати во борбени дејствија

Вкупно шест припадници на американските вооружени сили загинале во борбени дејствија, соопшти Централната команда на САД.

Според најновите информации биле пронајдени телата на двајца војници кои претходно се водеа како исчезнати. Тие биле лоцирани во еден од објектите кои биле погодени за време на првичните напади на Иран во регионот.

„Големите борбени операции продолжуваат. Идентитетот на загинатите војници засега не се објавува и ќе биде соопштен 24 часа по информирањето на нивните најблиски роднини“, се вели во објавата на Централната команда.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести