МВР има видео снимка на која сопругот ја удира Ивана истиот ден кога се случи трагедијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во врска со вчерашната трагедија во скопската населба Карпош, каде жена и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон на шести спрат од станбена зграда, ќе се утврдуваат сите околности поврзани со претходните пријави за семејно насилство.

Тој посочи дека дополнително ќе се проверува и дали изјавите на жртвата биле дадени под притисок.

„МВР има видео запис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, вели Тошковски.

Според Тошковски, во службените белешки е наведено дека на денот на настанот жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата, наведувајќи дека немало физички контакт, туку станувало збор за недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка. Во документот таа навела дека не сака настанот да се третира како семејно насилство и дека брачните односи ќе ги решава по мирен пат и преку развод.

Извор: Либертас

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести