Телефонски разговор Путин и Трамп: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник одржаа телефонски разговор, соопшти Кремљ.

Според руското соопштение, разговорот бил деловен, конструктивен и искрен, а двајцата лидери размениле мислења за неколку меѓународни прашања.

Главниот фокус на разговорот биле ситуацијата со Иран и преговорите поврзани со војната во Украина. Трамп повторно ја нагласил својата заинтересираност за брз прекин на огнот и долгорочно решение на конфликтот во Украина. 

Покрај тоа, лидерите на Русија и САД разговарале и за состојбата во Венецуела, како и за други меѓународни теми.

Во соопштението се наведува дека Путин и Трамп изразиле подготвеност да ја продолжат редовната комуникација меѓу двете земји.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели траел околу еден час, соопшти Кремљ. 

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести