(ВИДЕО) Хорор во Гостивар. Татко и син немаат струја, вода… Од социјалното им одговориле дека “немаат средства” да им помогнат

Александар Сашо Андриевски на социјалните медиуми објави видео со вознемирувачка содржина за секојдневниот живот на татко и син во Гостивар.

Живеат во, благо кажано, субстандардни услови, без струја и вода. Физиолошките потреби ги вршат во кеси кои често ги фрлаат од прозорецот надвор што претставува санитетски и здравствен ризик и за нивните соседи.

Велат дека од социјалните служби дошле на увид неколу пати, но им одговориле дека немаат средства и начин да им помогнат.

Освен материјални средства во нивниот случај е потребен и надзор и помош од социјалните служби кои напросто заборавиле дека тие постојат.

Извор – Либертас

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести