Имам многу што да кажам – вели Шилегов и за утре најави коментар за одлуката за негово исклучување од СДСМ

„Сега не е моментот да давам политички изјави, но секако имам што да кажам за психотропните супстанци на одреедени лица и за парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече тој во гостување во емисијата во живо од Кочани

Утре ќе дадам коментар за одлуката на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) поради почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани. Ова вечерва го изјави ексградоначалникот Петре Шилегов, во вечерашното гостување во живо од Кочани на 4ТВ, каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за „Пулс“, откако Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за негово исклучување од членството на партијата.

Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ денеска донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Шилегов, од членството на партијата.

Ова следи откако тој вчера во гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител најави дека наскоро поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство, односно дека ќе излезат со одредена платформа која ќе побара сериозни реформи внатре во партијата.

Извор: 360 степени

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести