Ирак постигна договор со Иран што ќе им дозволи на ирачките танкери за нафта да поминат низ Ормускиот Теснец – изјави ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул-Гани за „Ал џезира“.
Абдул-Гани потврди дека преговорите меѓу двете земји за водниот пат сè уште се во тек. Иран, кој ја контролира теснецот, ефективно го блокира поморскиот сообраќај во областа од почетокот на војната. Во меѓувреме, портпаролот на иранската комисија за енергетика изјави дека производството и извозот на нафта во Иран ќе продолжат непречено.
Веста доаѓа откога Доналд Трамп во последните денови ги повика сојузниците на САД да сторат повеќе за да ја обезбедат Ормускиот Теснец бидејќи намалениот извоз на нафта од Персискиот Залив продолжува да влијае на светските пазари.
Во исто време, беше забележано првото поминување танкер што превезува неиранска сурова нафта низ теснецот со вклучен систем за следење, и тоа првпат од почетокот на војната.
МИА


