24ТВ: Се крчка македонски „ДОС“ – целта им е пораз на Мицкоски, Филипче не им е во фокус, од Шилегов се оградуваат

Се крчка македонски ДОС – платформа која што треба да го обедини опозициско, критичкото мислење и како што велат иницијаторите погресивната јавнсот. 24ТВ разговараше со дел од нив, засега сакаат да останат анонимни, но велат дека фокуост на платформата која што наскоро ќе ја понудат на граѓаните не е превземање на СДСМ ниту пак одработување за ВМРО ДПМНЕ, туку конкретен концепт кој треба како што велат да ги порази политикантите. Дел од неа се поранешни функционери на СДСМ, поранешни пратеници, поранешни градоначалници, но и актуелни пратеници и градоначланици, но најголем број надворешни членови, професори, интелектуалци, членови на невладин сектор, аналитичари. Од иницијативата се оградуваат од поранешниот пратеник Петре Шилегов, на кого СДСМ му најави исклучување.

„Иницијатори на платформата“

– Целосно се оградуваме од неговите ставови и потенцираме дека тој не е дел од иницијативата бидејќи не ги споделува нејзините клучни вредносни критериуми.

Дали платформата ќе прерасне во партија ќе зависи колку ќе добијат поддршка , но и доверба од граѓаните за вo нив да препознаат идеја која што како што велат нема да има лидер, ниту функционери, ниту раководство, ниту пак ќе се борат за фотелји. Тврдат идејата е поради тоа што истражувањата покажале дека во Македонија има една силна партија и повеќе расцепани опозицсики партии, а на двете страни политиканти кои тврдат живеат по имагинарен свет

„Иницијатори на платформата“

– Тие заради кои политичко општествениот ангажман стана неприфатлив и срамен и заради што сите кој можат да придонесат го избегнуваат. Нема борба со корупцијата, реформи во судството, квалитетно здравство и образование со површност. Граѓаните треба да раскрстат со импровизаторите во политиката- велат за ТВ 24 од иницијативата

Му порачуват на Венко Филипче и на раководтсвото на СДСМ дека не им се во фокусот и не планираат да се занимаваат со внатрешни реформи и превземање на партијата . Идејата не им е да бидат фракција на СДСМ, нова НСДП, ЗНАМ, Демос…

„Иницијатори на платформата“

– Граѓаните се уморни од бесконечните дебати за внатрешните состојби во СДСМ. Затоа, ние го оставаме ова раководство на СДСМ да си живее во сопствениот имагинарен свет. Притоа, ние не бегаме од нашиот дел од одговорноста за актуелните состојби во СДСМ. И ние на еден или друг начин, во едно или друго време сме придонеле за слабостите на СДСМ.

На обвинувањата кои веќе индиректно стигнуват на нивна сметка од СДСМ дека одработувата за ВМРО ДПМНЕ порачувата дека да си ја работеле тие својата работа опозициска иницијатива немало да биде потребна .

„Иницијатори на платформата“

– „Раководството на СДСМ да имаше капацитет, знаење и волја да ја обедини опозициската енергија против оваа неспособна власт немаше да има потреба од ваква Иницијатива”

Промоцијата се најавува наскоро , а во иницијативата место ќе има и за партии кои ќе се препонаат во концептот.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести