Катарската државна нафтена компанија соопшти дека ирански ракети го погодиле „Рас Лафан“, најголемиот енергетски центар во земјата, јавува Волстрит журнал.
„Тимови за итна реакција беа веднаш испратени на местото на настанот за да ги стават пожарите под контрола, со оглед на обемната материјална штета“, соопшти „Катар енерџи“ на социјалните медиуми.
Сите вработени се безбедни и нема непосредни извештаи за повредени, се вели во соопштението.
Во исто време властите на Катар соопштија дека „дрските“ ракетни напади врз индустрискиот град „Рас Лафан“ се директна закана за неговата национална безбедност и стабилноста на регионот.
„Иранската страна продолжува со својата политика на ескалација што го турка регионот кон бездната и ги влече земјите што не се дел од оваа криза во кругот на конфликтот“, објави Министерство за надворешни работи на Катар на социјалните мрежи.
Во соопштението се додава дека Катар го задржува правото да одговори и дека нема да се двоуми да ги преземе сите потребни мерки за да го заштити својот суверенитет, безбедност и безбедноста на своите граѓани.
Извор – Слободен печат


