Државниот завод за ревизија направил ревизија на работата на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година, при што констатирал неправилности и утврдил системски слабости.
При ревизијата било утврдено дека пописот на средствата и обврските не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се вршело согласно законски утврдениот сооднос.

Државниот завод за ревизија утврдил и ненавремено и некомплетно доставување на потребната документација за трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи, набавка на стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, како и недоследна примена на одредбите од Законот за јавни набавки во одредени постапки.
Како системски слабости ДЗР во Извештајот ги наведува усогласувањето на законите кои го уредуваат оданочувањето на изборните активности и преиспитувањето на начинот на распределба на средства за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.
МИА


