Американската војска во наредните денови на Блискиот Исток ќе распореди околу 1.000 војници од 82-та воздушно-десантна дивизија со што дополнително ќе се засили военото присуство во регионот, пренесува СиЕнЕн. Овој потег доаѓа во период кога претседателот на САД Доналд Трамп паралелно води преговори со Иран за можен крај на воениот конфликт.
Според изјавите од Вашингтон, потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио ги предводат преговорите со Техеран. Трамп изрази оптимизам дека може да се постигне договор, додека ирански извори потврдиле дека Техеран е подготвен да разгледа „одржливи“ предлози за завршување на војната.


