Иран ги ублажува правилата за транзит низ Ормуската Теснина

Иран ги ублажува ограничувањата за транзит низ Ормуската Теснина, наведувајќи дека бродови кои не се сметаат за непријателски и не поддржуваат воени дејства против Техеран ќе можат да поминуваат, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

Бродовите ќе мора да ги почитуваат иранските безбедносни прописи и да ја координираат пловидбата со надлежните власти, се додава во соопштението.

Ормуската Теснина стана жариште во актуелната војна меѓу САД, Израел и Иран. Техеран повеќепати напаѓаше бродови во овој воден пат, практично блокирајќи една од клучните рути за глобалното снабдување со нафта и гас.

Тесниот премин меѓу Иран и Оман е единствената врска меѓу Персискиот Залив и светските океани и се смета за една од најважните поморски рути, низ која вообичаено поминуваат околу 20 проценти од светските резерви на нафта. 

МИА

Најчитани вести