Седум ирачки борци загинаа во наводен американски напад врз ирачка база

Најмалку седум ирачки борци денеска загинаа, а 13 се повредени при напад врз воена база во Ирак, соопшти ирачкото Министерство за одбрана.

Во базата се сместени припадници на ирачката полиција, војници и членови на ирачката паравоена шиитска група Хашед ал Шаби.

Шиитската паравоена група соопшти дека нејзините борци се убиени во американски напад.

САД сè уште не го коментирале инцидентот.

МИА

Најчитани вести