Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Во Народната банка денеска ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите, на која ќе биде презентиран трудот „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски. 

Клубот на истражувачите претставува платформа отворена за презентација и размена на научноистражувачки трудови, особено во областа на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите што се презентираат треба да бидат усогласени со современите истражувачки стандарди, вклучувајќи емпириска анализа и систематизирани заклучоци.

На сесиите може да се претставуваат и работни верзии на истражувања. Настаните се од јавен карактер, а фотографиите од сесиите се објавуваат на веб-страницата на Народната банка и на официјалните профили на социјалните мрежи. Зачленувањето во Клубот е отворено за сите заинтересирани. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести