Лишено од слобода лице од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести