Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи јавна расправа и да утврди предлог листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Комисијата најнапред ќе одржи јавна расправа на која ќе утврди предлог – листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени се седуммина кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според информациите објавени на веб-страната на Собранието пријавени се кандидатите Миле Стојановски, Кадрије Мустафа, Усеин Елезоски, Жаклина Дамческа, Кире Василев, Ирфан Лимани и Даниела Стојановска Џинговска.
Потоа на друга седница закажана за 14:00 часот ќе биде утврдена предлог листата за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
МИА


