Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните пет години, во кои право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани.
Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. За 240 пратенички места се натпреваруваат вкупно 4.786 кандидати .
Гласањето ќе трае до 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот на местата каде што ќе има поголем одѕив.
Инаку, гласањето се одвива на речиси 12.000 избирачки места низ целата земја, а организирани се и стотици гласачки пунктови во странство, во вкупно 55 држави. Обезбедени се и мобилни гласачки кутии за лица со попреченост.
Овие избори доаѓаат во услови на продолжена политичка нестабилност, проследена со чести изборни процеси во Бугарија во изминатите неколку години.


