Британските служби јавуваат за ирански напад врз транспортен брод во близина на Оман

Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека брод за превоз на контејнери бил нападнат во близина на брегот на Оман, во инцидент за кој се сомнева дека е поврзан со Иранската револуционерна гарда.

Инцидентот се случил околу 15 наутички милји (околу 28 километри) североисточно од Оман, во чувствителна зона на Арапското Море.

Според информациите на Британската служба за поморски трговски операции, капетанот на транспортниот брод пријавил дека до нив се приближил ирански воен глисер, од каде без претходно предупредување бил отворен оган. Од нападот била причинета сериозна штета на командниот мост на бродот, но оти нема пријави за пожар ниту за еколошко загадување, како и дека екипажот е безбеден.

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии во регионот, каде во последните месеци се регистрирани повеќе напади врз бродови во Персискиот Залив, Ормуската Теснина и Оманскиот Залив – клучни поморски рути за светската трговија со нафта. 

МИА

Најчитани вести