Жичницата на Водно денес не работи поради технички проверки

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека жичницата на Водно денес (26 април 2026 година) нема да биде во функција.

Од ЈСП појаснуваат дека прекинот е поради дополнителни технички проверки што ги спроведуваат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“ (Doppelmayr).

Станува збор за редовни контроли со цел обезбедување безбедно и сигурно функционирање на жичницата, по што се очекува таа повторно да биде ставена во употреба.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести