Петнаесет години по свадбата што ја гледаше целиот свет, Вилијам и Кејт денеска ја обележаа годишнината со прекрасна фотографија

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон денеска ја слават 15-годишнина од бракот, а по тој повод објавија нова семејна фотографија на социјалните мрежи. На фотографијата тие позираат опуштено босоноги на тревата со своите три деца, 12-годишниот принц Џорџ, 10-годишната принцеза Шарлот и осумгодишниот принц Луис. Заедно со фотографијата на која семејството е прегрнато во летна облека, стои и пораката: „Прославуваме 15 години брак“ на која додале и емотикон со срце.

Семејството минатата недела имаше уште една причина за славење минатата недела. Нивниот најмлад син, принцот Луис, го прослави својот осмиот роденден во четвртокот, 23 април. Во согласност со традицијата, принцот Вилијам и Кејт го одбележаа денот објавувајќи нов портрет и видео од славеникот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

И двете фотографии ги сними Мет Портус. Фотографијата и видеото се направени во текот на неодамнешниот семеен одмор во крајбрежниот Корнвол, а видеото ја покажува разиграната и палава природа на Луис додека играл во песокот и се испробувал во крикетот.

Принцот и принцезата од Велс се запознаа додека студираа на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска. По неколку години врска со прекини, тие се свршија во 2010 година. Се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија на церемонија што ја гледаше целиот свет.

Извор – Слободен печат

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести