Зошто „летните“ бебиња се поздрави?

Дури и кога се планира семејство, на луѓето, вообичаено, ретко им паѓа на ум за времето од годината кога бебето ќе се роди. Сепак, социологијата и медицината укажуваат дека бебињата родени во лето имаат голем број здравствени предности. Истражување спроведено на Универзитетот во Кембриџ коешто опфатило речиси половина милион луѓе, откри дека, на пр., „летното“ бебе, во просек, е со малку поголема тежина од „зимското“ новороденче. Повисоката (и поздрава) маса при раѓањето е поврзана со целокупен подобар здравствен исход при првите месеци од животот и помал ризик од рани компликации, објави „Кликс“.

Научниците посочуваат и неколку други, клучни причини зошто бебето родено налето, има првични мали „предности“, кога говориме за здравјето.

Повеќе сонце значи повеќе витамин Д за мајката и бебето

Можеби една од главните причини зошто летните бебиња се генерално поздрави лежи во витаминот Д. Бремените жени кои го минуваат последното тримесечје кон крајот на пролетта и во летото се изложени на поголеми количини на сончева светлина. Покрај тоа, студиите покажуваат дека бебињата чии мајки имале високо ниво на витамин Д во доцната бременост развиваат пошироки и погусти коски. Сѐ ова влијае на долгорочниот имунитет – витаминот Д игра клучна улога во развојот на имунолошкиот систем, што му обезбедува на детето подобра заштита уште во раната возраст.

Помала опасност од сезонски инфекции во првите месеци

Првите месеци од животот со новороденче може да бидат стресни, особено ако е сезона на грип и настинки. Бебињата родени лете полесно ги избегнуваат вирусите – тие се раѓаат во време кога респираторните инфекции, како што се РСВ или грип, се на најниско ниво. Додека дојде зимата и сезоната на настинки, летното бебе има веќе неколку месеци, неговиот /  нејзиниот имунолошки систем е позрел и поподготвен за борба против микробите отколку на новороденче во јануари.

Пониски стапки на астма и алергии со рана појава

Некои истражувања посочуваат и дека изложеноста на вообичаените сезонски алергени (како полен) веднаш по раѓањето, во комбинација со витаминот Д, може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Како резултат на тоа, бебето родено налето имаат помала веројатност да развијат астма и алергии на храна во подоцнежното детство во споредба со децата родени во зимските месеци, кога се повеќе ограничени во своите домови.

Влијанието не запира само на физичкото здравје. Некои невролошки испитувања покажуваат дека и количината светлина во мигот на раѓањето влијае на развојот на невротрансмитерите како допамин и серотонин. Луѓето родени во лето, следствено, имаат помала веројатност да добијат „зимска депресија“ како возрасни. Кај нив има и поголема веројатност да развијат позитивен и оптимистички став (познат како циклотимичен темперамент). 

МИА

Најчитани вести