Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и , од денеска е независен пратеник, потврдува Цеков за ТВ 24
Тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката а не себе си и дека е незадоволен од многу работи , односно дека промените кои ги олекувал и тој граѓаните не се случуват.
“По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта.
Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат, вели Цеков за ТВ 24
Тој не кажува конретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.
“Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам.
Денес заминувам од политички субјект што формално е демократски, но суштински не ги исполни очекувањата на граѓаните. Заминувам од политика што не застана зад ветувањата” вели Цеков
Тврди дека во ЕУ може само заштитен идентитет.
“Поддржувам европска иднина, но со јасни заштитени национални и идентитетски интереси. Јазикот, идентитетот и културата се темелот на нашето постоење и тие не се за преговарање”- вели Цеков.


