Авион на американското воено воздухопловство денеска се урна во западниот дел на Алабама, а двајцата пилоти успешно се катапултираа.
Несреќата се случи за време на тренажен лет. Суперсоничниот авион за обука „т-38 талон II“ полетал од базата Колумбус во Мисисипи.
Сè уште не е позната причината за уривање на авионот.
Во базата Колумбус во Мисисипи сместена е 14. ескадрила за воздухопловна обука, која обучува пилоти за разни авиони.
МИА


