На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, минатата година дипломирале 7 612 студенти, што претставува зголемување за 8.4 проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27.3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 677, односно 74.6 проценти се редовни, а 1 935, односно 25.4 проценти се вонредни студенти, а дипломирани студентки се 59.6 проценти.
Притоа, 28.3 проценти дипломирале во рокот, а 71.7 проценти по рокот.
МИА


