Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара распишување референдум за ЕУ, нагласувајќи дека граѓаните мора сами да одлучат за иднината на земјата, за својата судбина и судбината на идните македонски генерации.
„Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицковски. Затоа граѓаните се единствени коишто можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите коишто живеат во државата“, апелираше претседателот на СДСМ.
Филипче потенцираше дека одлуката мора да биде во рацете на граѓаните и дека никој политичар не смее сам да ја носи таа одлука која се однесува на иднината на државата и генерациите што доаѓаат.
„Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Единственото нешто што е во овој момент загрозено е иднината на нашите деца и животниот стандард на граѓаните во државава. Нема да дозволиме децата да се селат во Европа, во Америка, во Австралија. Не сакам нашите деца да растат тука во оваа земја, којашто е безнадежна, којашто нема иднина“, потенцираше претседателот на СДСМ Венко Филипче.


