Зеленски: Украина уништи нафтен терминал во Санкт Петербург

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потврди дека украинската армија уништила нафтен терминал во Санкт Петербург, како и фабрики во руската Тамбовската област.

Погодениот нафтен терминал во Санкт Петербург е оддалечен 1.100 километри од украинската граница.

Зеленски посочи и дека украинската армија погодила воени цели во базата Кронштат во близина на Санкт Петербург, а во Тамбовската област погодена е фабрика за производство на оружје.

Претходно и руските медиуми потврдија дека во синоќешните украински напади погоден е најголемиот руски нафтен терминал на Балтичко Море, во Санкт Петербург, како и воениот погон во Тамбовска област.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести