Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција обвини дека целата кампања на ВМРО против уставните измени и европската интеграција не е заради грижа за македонскиот идентитет, туку од страв од одговорност затоа што со европско обвинителство е загрозена криминалната власт.
„И тие кампањи преку ботови, скапо платени наративи и агенда практично копирана на нашиот северен сосед е да се спречи внесувањето на малцинствата во Уставот, а со тоа практично целосно да запре европскиот пат на земјава. И не затоа што е загрозен македонскиот идентитет, туку заради тоа што е загрозена нивната криминална власт“, порача Филипче.
Тој нагласи дека власта намерно создава стравови и шири лажни наративи за да ја сокрие вистинската причина поради која ја блокира европската иднина на државата.
„Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат во Европа затоа што таа носи европско судство, носи европско обвинителство, носи европска контрола, носи крај на телефонските повици на обвинителите и сето тоа носи одговорност. Затоа и се служат со лажен патриотизам“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


