Приведено лице во Штипско, затекнато како потпалува сува трева 

Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат  како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни. 

Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип.

-Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З. – стои во соопштението.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника