Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка.
Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни случаеви и возила на тимот. Овој привремен режим на сообраќај ќе трае од 6 до 12 часот.

– За паркирање на возилата ќе се користат посебно обележани локации, кои ќе може да се користат до 8.30 часот, а привремениот режим на сообраќај ќе го регулира сообраќајна полиција, чии насоки треба задолжително да се следат – нагласуваат од Општина Ресен.
На трката организирана од Здружението „Преспа хаб Ресен“ ќе учествуваат млади од Преспа и регионот за кои е определена посебна патека – информираат организаторите на спортскиот настан.
МИА


