Стопанска комора бара повлекување на законот за игри на среќа

Стопанската комора бара повлекување на предложеното законско решение за игрите на среќа, предупредувајќи на последиците кои тоа ќе ги предизвика врз бизнис-секторот и економијата.

На денешната јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, претставничката на Стопанската комора, Даниела Михајловска Василевска, детално ги образложи аргументите на Kомората против предложениот закон и објасни зошто истиот треба во целост да биде повлечен од процедура.

Според Михајловска Василевска, предложените измени се носат без соодветна анализа и ќе имаат сериозни импликации врз компаниите кои легално работат во овој сектор, но и врз државниот буџет.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести