Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. 

Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. 

За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно 6.511 денари минимум му биле потребни на едно четиричлено семејство за облека и обувки. 

МИА

Најчитани вести