Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа.
Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна во 90+4.минута.
На вториот дуел од групата Е изненадување направи Курасао одигрувајќи нерешено 0:0 против Еквадор.
На чело на табелата во групата и сигурно пласирана во следната фаза како првопласирана е селекцијата на Германија, која има 6 бодови. Брегот на слоновата коска остана со 3, а Еквадор и Курасао имаат по 1.
Во последното коло од групата играат Германија – Еквадор и Брегот на Слоновата коска – Курасао.
На првиот дуел од вчерашната програма Холандија – Шведска 5:1, а во тек е дуелот Тунис – Јапонија.
МИА


