СДСМ: Две години Влада на Мицкоски – две години бајки

Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и Организираната криминална група ВМРО, составена од тендер коалиција и остатоци од распаднатото здружение ЗНАМ.

Две години во кои Македонија се движи наназад на секое поле. 

Две години во кои наместо напредок и европска интеграција, добивме економски колапс, институционален распад и политичка изолација.

Економијата е во тешка криза. Буџетскиот дефицит е потрошен за шест месеци, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а инвестициите се намалени за 60%. 

Граѓаните секојдневно ја чувствуваат реалноста – празни паричници и поскап живот. 

Додека власта зборува за „трета економија во Европа“, реалноста е дека младите масовно ја напуштаат земјата, а премиерот веќе најавува увоз на работници од трети земји наместо да создаде услови за задржување на домашната работна сила.

Европскиот пат е целосно блокиран. Македонија е изолирана. Наместо да се приближуваме кон ЕУ, се отвораме кон авторитарни влијанија. 

Европските извештаи јасно укажуваат на странско мешање од Србија, Русија и Кина. Владата промовира авторитарна пропаганда и учествува во мрежи спротивни на македонските национални и безбедносни интереси. 

Со ваквите политики се загрозува кредибилитетот на Македонија во НАТО и целосно се блокира патот кон Европската Унија.

Дел од медиумите се под контрола на ВМРО преку мрежата на Виктор Орбан.

Институциите се целосно партизирани. 

Министерството за внатрешни работи е ставено во функција на политичка контрола, а правосудството и обвинителството се под директна партиска контрола. 

Реконструкцијата на Владата, која ја најави Мицкоски, е само продолжување на претставата – нема резултати, туку само нова шминка и нови криминални тендери.

По две години јасно е дека ВМРО нема ниту идеја, ниту план за развој на Македонија. Имаат само план за задолжување, трошење и одржување на власт по секоја цена. Со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат.

Бајките за „горда Македонија“ завршија. 

Реалноста е дека државата забрзано се движи кон економски и институционален колапс.

Македонија не смее да продолжи по овој пат. Курсот мора да се промени – враќање на европскиот пат, одговорна економска политика и враќање на институциите во служба на граѓаните, а не на партиските и криминални интереси.

Две години се доволни за да се види вистината. 

Со Мицкоски, држава забрзува – во пропаст! 

Македонија и нејзините граѓани заслужува подобро.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести