Ако барате брз и вкусен оброк со мексикански шмек, овие чили такоси се одличен избор. Комбинацијата од пикантно чили, свеж зеленчук и крцкави тортиљи создава совршен баланс на вкусови, подготвен за само неколку минути.
Состојки:
1 пакување Chilli con carne
1 авокадо
50 грама слатка пченка маринирана
1 црвен кромид
5–6 чери домати
рукола или друга зелена салата по избор
2 тортиљи
Подготовка:
Префрлете го чилито во сад и загрејте го според упатството на пакувањето. Авокадото, кромидот и чери доматите исечкајте ги на помали парчиња.
Кратко запечете ги тортиљите на сува тава од двете страни. Наполнете ги тортиљите со загреаното чили, додајте го подготвениот зеленчук, руколата и завршете со пченката.
Послужете веднаш додека тортиљите се топли, а зеленчукот свеж и крцкав. По желба, додадете неколку капки сок од лимета за уште поосвежителен вкус.
МИА


