Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно  со дожд, грмежи и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.  Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степени.

-Поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло, прогнозира УХМР. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести