Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари, се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но, во меѓувреме, се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом – информираа од МВР.
Скопјанецот бил задржан во полициска станица.
Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА


