Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од ветувањатa не исполнивте, го повика денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, Христијан Мицкоски во македонското Собрание.
„Вашиот резултат после 2 години е една голема нула, нула за реформи, за сголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за Европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно, кој е крив за овие неисполнити ветувања? Кој е крив, премиере, за овие две изгубени години? Пола мандат помина Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потврливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте“ рече Филипче.
Тој потсети на ветувањата на Мицкоски и ВМРО за благосостојба која не ја испорача.
„И во вашата програма 1198, и во вашето експозе, тука кога ја формиравте Владата, едноставно ветувавте мед и млеко. И сега помина половина од мандатот. Две години. А денес вистината е сурова. Ниту едно од овие ветувања не испорачавте. Граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина“, истакна Филипче.
Единственото што граѓаните го добиле е поскап живот и разочарување, додаде тој.
„Што добија? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10% од ветеното во програмата нема исполнето. Само лаги, изолација и партиски тендери. Ветивте поголем животен стандард. Животниот стандард е намален. Сиромаштијата е зголемена. Ветивте поголеми плати… И ова не го исполнивте. Нема 600 евра минимална плата. Не само што нема, не сакате да слушнете, да дискутирате за тоа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


