Интернет конекцијата нагло падна низ цела Венецуела по разорните земјотреси од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала, кои ја оштетија енергетската и телекомуникациската инфраструктура, соопшти денеска организацијата NetBlocks.
Се додава дека ситуацијата малку се опоравила неколку часа подоцна, но поврзаноста е сè уште значително под нормалното ниво, на 77 отсто, споредено со најниските 59 проценти веднаш по земјотресот, објави Cи-Ен-Ен.
Како што е наведено, прекините во поврзувањето може да влијаат на спасувачките напори, како и на достапноста на информации и видеа од погодените области.
МИА


