Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, нема да биде во почетниот состав за натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Јордан.
Триесет и деветгодишниот напаѓач ќе го започне натпреварот на клупата, но подоцна ќе влезе како замена. Ставот на селекторот Скалони е разбирлив. Аргентина веќе го обезбеди пласманот во плејофот, па дури и го дозна противникот во 1/16 финалето – сензацијата на Мундијалот, Зелено’ртски Острови.
Интересно е што Скалони првично не планирал да ги открие информациите за Меси. Но, тој го сторил тоа во често на Енрике Макаја Маркез, 91-годишен аргентински новинар. Легендарниот дописник е во професијата од средината на минатиот век и известувал за секое Светско првенство од 1958 година. Ова СП е негово 18-то.
Натпреварот Аргентина – Јордан ќе се одржи на 28 јуни во 4 часот по македонско врме.
МИА


