Повеќе од 45.000 лица сè уште се водат како исчезнати по земјотресот во Венецуела

Вкупно 46.628 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда, се наведува на веб-страница за пријавување исчезнати лица.

Според овој извор, бројот на исчезнати лица е малку намален во споредба со претходниот ден, кога надмина 50.000, објави Скај њуз.

Наведено е дека досега се пронајдени 15.097 лица кои претходно биле на списокот на исчезнати.

Вкупниот број на лица пријавени како исчезнати од почетокот на катастрофата е околу 61.000, што е исто така намалување во споредба со претходните извештаи.

Платформата за споделување податоци им овозможува на граѓаните да внесуваат информации за исчезнатите лица, вклучително и нивната последна позната локација, за да се олеснат напорите за пребарување и спасување на национално ниво.

МИА

Најчитани вести